„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во инцидент во угостителски објект?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?

Со СДСМ на власт криминалот  царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта  и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, тие соучествуваат во криминалот.

— реклама —

Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеци медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.

Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава се уште нема. Вицепремиер и заменик министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира.

Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР  повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.

Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев се уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи.

Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца.  СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотпиовиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања