ВМРО ДПМНЕ: Колку побрзо Филипче си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе се спасат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
venko-filipce

Министерот Венко Филипче секој ден ја покажува и докажува својата неспосовност. Филипче велеше се е под контрола, а сега одеднаш нема место во клиниките, а ги нема ниту најавените 16 монтажни болници кои требаше да бидат готови. Истите беа бомбастично најавувани во првата половина на јули или уште пред одржување на изборите на 15 јули. По се изгледа најавата служеше за изборни цели, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Освен што почнува да снемува место по клиниките, од здравствените установи почна да заминува и медицинскиот кадар.

И наместо да ја прфрла вината Филлипче треба да сфати дека трена да работи. Но осум месеци не направи ништо освен погрешни прогнози, погрешни чекори, погрешни, несоодветни и задоцнети мерки. Од неговата проценка дека ќе има околу две илјади заразени, бројката достигна 20.555, а бројката на починати се движи кон 800.

— реклама —

Веќе неколку дена има повеќе од 15 проценти заразени од вкупниот број на тестирани.

За погрешните политики и последиците од нив Филипче мора да понесе одговорност. Филипче да поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања