Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-3

Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии, вели опозицијата во реакцијата на интервјуто на Димитар Ковачевски.

„СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати во јавниот сектор и пензии.

ВМРО-ДПМНЕ предлага покачување на пензиите за 20%, со тоа пензионерите ќе се заштитат од економскиот удар и покачените цени.

— реклама —

Ковачевски бега од Декларацијата за Гоце Делчев, СДСМ ги минира македонските црвени линии со тоа што не се откажува од заевизмот.

— реклама —

Ковачевски да не бега и да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев. Доколку Ковачевски стои зад македонските црвени линии, нема причина зошто да бега од Декларацијата.

Тоа што Ковачевски бега од Декларацијата покажува дека тој не е сигурен во себе, и во тоа што преговара. Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата.

— реклама —

Време е СДСМ и Ковачевски да дојдат со народот, наместо да стојат наспроти него. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално обединување кога се во прашање државните и национални интереси и нивна заштита“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања