Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски уште не станат премиер го компромитира образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-41234

Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет.

— реклама —

Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.

Како челници на своите матични факултетите Ралев и Маркова Данева за да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат треба веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во ИО.

— реклама —

Ако Ралев и Маркова Данева ги почитуваа законите, тие или немаше да прифатат да членуваат во ИО на СДСМ, или ќе си дадеа оставки од деканските места уште пред да бидат именувани на позиции во СДСМ.

— реклама —

Со секој поминат ден на чело на факултетите, Ралев и Маркова Данева го деградираат образованието и го компромитираат, со што нанесуваат трајна штета“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања