Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Барањето кризна состојба е признание за неспособноста на општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка, претставува уште еден обид реалниот проблем на граѓаните да се претвори во политичка тема и одговорноста да се префрли на Владата и државните институции, велат ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.

„Само да потсетиме дека овој проблем е децениски, СДС имаше апслолутна Власт во Крива Паланка од 2017 до 2024, имаат градоначалник трет мандат по ред. Ако биле толку загрижени сите овие години ќе најделе начин да го решат проблемот.

— реклама —

За разлика од СДС , Владата и надлежните институции во изминатиот период преземаа конкретни активности во рамките на своите законски надлежности и досега се одземени приближно 100 грла говеда.

Барањето за кризна состојба потврдува дека општината и градоначалникот не се способни да го решат проблемот.

— реклама —

Како Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка нема да бидеме пречка за ниту една иницијатива или мерка што е во интерес на граѓаните. Ќе ја поддржиме секоја законска постапка што ќе придонесе за трајно решавање на овој проблем. Но, истовремено, очекуваме одговорност и отчетност од локалната самоуправа за она што е во нејзина надлежност.

Граѓаните не бараат политички препукувања и празни пресконференции, ниту бараат оправдувања. Бараат безбедни улици, заштита на нивните имоти и конкретно решение на проблемот.

Барањето кризна состојба не смее да биде алиби за непостапување во рамките на редовните надлежности на локалната самоуправа.

— реклама —

Граѓаните на Крива Паланка не очекуваат градоначалникот да им објаснува кој е виновен, туку очекуваат да видат конкретни резултати.

Проблемот со добитокот не започнал денес, ниту ќе се реши со денешната прес-конференција.

— реклама —

Градоначалникот треба да престане да ја политизира оваа тема и да започне да ги исполнува обврските што произлегуваат од функцијата што ја извршува“, се вели во реакцијата.

media-librarys8clukirps2n7BBJeWa

(Видео) Над 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, градоначалникот бара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба во општината поради неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток, кој предизвикува штети на имотите, земјоделските површини и јавните простори, а ја загрозува и безбедноста во сообраќајот.На прес-конференција, на која присуствуваа и граѓани погодени од проблемот, Митовски порача дека досегашните институционални реакции не донеле трајно решение и дека се потребни допол

Македонија | пред 7 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys8clukirps2n7BBJeWa

(Видео) Над 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, градоначалникот бара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

(Видео) Крави повторно го узурпираат центарот на Крива Паланка, Општината бара кризна состојба

Македонија | пред 5 дена

media-librarykkvn8l61jgraen8tLB4

Тони Михајловски доби признание како лауреат на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Македонија | пред 1 месец

media-librarynbi67h0dr12t0ZDUAny

(Видео) Силно невреме во Крива Паланка: Концертот одложен за денеска

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања