Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ лаже како и по обичај, во последните пет години во државата се изградени над 1.300 километри патишта, посочи власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„Крајно несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која мислејќи само на провизии, направи хаос и ја уназади патната инфраструктура, сега да шири дезинформации во врска со изградбата на патиштата. Резултатот на стручњаците од Белата палата е добро познат. Тоа се погрешни промашени проекти, без планирани клучки и пристапни патишта, бандери оставени на сред пат, грешки какви што квалитетното градежништво досега не видело, а ги плаќаат граѓаните“, вели СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку и да се обидува ВМРО-ДПМНЕ да манипулира, факт е дека во изминатите 5 години се изградени и рехабилитирани 1357 километри патишта во државата. Изградбата на патните правци не запре ни за време на пандемијата, туку напротив, реализацијата на зацртаните капитални проекти ја активираше целата градежна оператива на терен. Ова придонесе градежништвото во 2021 година да има раст од 3 отсто, а бројот на работници во градежништвото да се зголеми за 1 процент.

— реклама —
— реклама —

Со тоа се демантираат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ и институциите што ги предводи градат патишта, градинки, училишта, болници, а не фонтани, барок од стиропор и споменици“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања