Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ: Левица и Апасиев шират лажни вести, наместо да ужива во комодитетот на канцелариите, можеле да присуствуваат на седница на комисијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest-11

Левица и Димитар Апасиев шират лажни вести во врска со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во врска со Законот со кој се предвидува склучување на стратешко партнерство за изградба на автопати. Освен тоа што главната добиена задача на Левица е да го лепи неосновано ВМРО ДПМНЕ со СДСМ, освен тоа што професорот по право Апасиев денес покажа елементарно непознавање на правото и се посрамоти себе си, тие покажаа и дека неосновано, преку гол популизам ги трошат парите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Имено, Законот за кој реагираат е поднесен во скратена постапка од пратеници од мнозинството на власт. Во текот на вчерашниот ден на Комисијата за финансирање и буџет не се гласаше по однос на тој закон, туку истиот во рамките на скратената постапка е пренесен на одлучување на пленарна седница.

— реклама —

А како ВМРО ДПМНЕ ќе гласа, Апасиев ќе види на самата пленарна лекција и ќе добие лекција за тоа како вистински се штитат националните интереси.

— реклама —

Доколку пратениците на Левица имаа став по ова прашање можеле да присуствуваат на Седницата на Комисијата наместо од комодитетот на своите канцеларии да пуштаат соопштенија за медиуми.

Глумењето опозиција, и помагањето на Заев, не е исто со делување како опозиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања