Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е во енергетска криза, а АД МЕПСО троши 125 илјади евра за патувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mepso

Неспособноста на власта во енергетиката ја доведе државата во целосен енергетски колапс, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради незнаењето и секојдневните криминални тендери во РЕК Битола, денес купуваме 5 пати повисока цена од тоа што, ако власта беше способна, ќе можевме да го произведеме во домашните капацитети.

Повеќе од 9 милиони евра државата плати за увезување на струја за само неколку дена, а секојдневно стасуваат и опомени од европскиот енергетски систем заради тоа што државата „краде“ од меѓународниот систем.

— реклама —

Ама затоа во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е целосно неспремно, а хидро акумулации и да нема во државата.

Единствен успех на оваа криминална власт во енергетиката е тоа што успеа компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО да ги направат загубари, бидејќи поважни беа тендерите за фамилијата Заеви, секојдневните партиски вработувања во овие компании, како и расфрлувањето пари за службени патувања.

— реклама —

Додека Македонија е во енергетска криза и прогласена вондредна состојба во енергетиката, изминативе неколку месеци раководството на АД МЕПСО троши над 125 илјади евра народни пари за патувања. За граѓаните повисоки сметки, за власта патувања по светот.

— реклама —

За сето ова неодговорно работење на власта, цената ќе ја плаќаат граѓаните со повисоки сметки за струја, што неминовно следи.

За овој хаос во кој ја внесоа државата мора да има одговорност. Зоран Заев, Васко Ковачевски и целата криминална власт ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања