„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО ДПМНЕ: Мега скандал и шверцерско носење на ребаланс на буџет во Општина Гази Баба на седница која трае 20 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
opshtina-gazi-baba

Во моментот се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски. Седницата на Совет трае се уште и повеќе од 20 часа. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови.

— реклама —

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент.

За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања