Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО-ДПМНЕ: МВР и Спасовски да го расчистат случајот во најкраток можен рок за вчерашната сообраќајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
271651996_268706928664561_6099452980248303309_n

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за жртвата, прерано загубениот живот на 24 годишна девојка, во вчерашната сообраќајка на булеварот Партизански одреди, велат од партијата.

— реклама —

„Ова не е првпат во последните неколку години луѓе да ги губат животите на улиците и патиштата, и секогаш притоа одговорноста изостанува.

И после 24 часа од МВР молк. Спасовски се фали со некакви бројки за намален број на сообраќајни несреќи, а во исто време штанцаат афери.

— реклама —

Криминалци прават сообраќајки и се на слобода. Власта испраќа порака на неказнивост и го стимулира хаосот на улиците.

Апелираме до МВР и Спасовски да го расчистат случајот во најкраток можен рок, но и да ги зголемат контролите на улиците и патиштата.

Во исто време го повикуваме Спасовски да преземе одговорност. Тој е 6 години министер за внатрешни работи, а безбедноста од година во година е се полоша.

Спасовски е неспособен да менаџира со МВР, и хаосот во државата, неказнивоста на криминалот и страдањето на граѓаните е поради неговата неспособност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања