Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на Гоце Делчев преку нивната таканаречена декларација, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
goce-delcev

ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на великанот Гоце Делчев преку нивната таканаречена декларација, вели СДСМ.

„Декларацијата е нивно политичко подметнување со цел да се продлабочат поделбите меѓу граѓаните.

Оваа безидејна партија е против нашите евроинтеграции, во нивен стил повторно ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато и со тоа покажуваат колку се исплашени и несигурни.

— реклама —

СДСМ нема да дозволи таквиот дилентантизам и несигурност да бидат пренесени на граѓаните.

— реклама —

Никој не заборава дека ВМРО-ДПМНЕ правеше споменици на Ќосето, дека на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други кои се спротивни на Гоце Делчев и на македонските интереси во тој период.

Ваквото политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес покажува дека нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за цел градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете земји.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се засрамат и да ја повлечат оваа нивна срамна Декларација“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања