Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ напразно пласира различни бројки за вредноста на АД Славија, вратија од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kongres-sdsm

„Целата вина за раскрчмувањето и распродажбата на имотот на АД Славија лежи во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012-2017 година. Факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ во целост ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот. ВМРО-ДПМНЕ деновиве упорно се обидува да ја манипулира јавноста за да избегне одговорност и вината да биде префрлена на некој друг. Но, јасно е дека целосно се загубени во нивниот неуспешен обид, за што говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат. Прво, според нив, Славија беше вредна 20 милиони евра, па ја намалија проценката на 13, па на 9, а сега е 4 милиони евра“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Во оваа своја произволна математика, заборавија да споменат дека компанијата е потоната во долгови. Во периодот од 2012 - 2017 ВМРО-ДПМНЕ распродала 70% од имотот на АД Славија. Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени, се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ државата, кои денес се во сопственост на приватни компании. Наместо да шири лаги и манипуции, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решиле проблемот со Славија, туку распродале две третини од нејзиниот имот“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања