ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под Бугарски диктат: Тие и даваат алатка да не блокира и во иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-5

Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС, туку со одложено дејство како заштита од понатамошно блокади, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, од кои и двата ја гарантираат ЕУ иднината на Македонија, но и Македонската многувековна традиција, идентитет и историја. СДС наместо да се изјасни манипулира.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под Бугарски диктат, бидејќи тие и даваат алатка на Бугарија да не блокира и во иднина.

— реклама —

Наспроти можноста Бугарија да добие алатка за блокада, ВМРО-ДПМНЕ даде предлог како Бугарија ќе стане активно заинтересирана за напредокот на Македонија кон ЕУ, а тоа е преку уставни измени со одложено дејство, кои ќе стапат во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ, со тоа Бугарија наместо да ја кочи нашата држава, ќе има интерес да го забрза процесот на интеграција. Покрај ова овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ.

Ковачевски и СДС добија и втор предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е избори оваа есен, а потоа која и партија да е во опозиција да го поддржи следниот метод: Барање гаранции од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, историја и јазик, барање Бугарија да исполни барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање на парична помош за Македонската економија и граѓани во пресрет на ЕУ интеграцијата.

Зошто на СДС и пречи заштита на македонскиот национален идентитет.

СДС и Ковачевски треба да сфатат дека само со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се штити Македонскиот идентитет, но и се гарантира брза интеграција“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања