ВМРО ДПМНЕ: Обнова на здравството со четири нови клинички центри, нова опрема и повисоки плати за медицинскиот персонал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија ќе се исправи. ВМРО-ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Се обврзуваме на многу работа, труд и посветеност, со цел Македонија да стане модерна и просперитетна земја, рамо до рамо со земјите од ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Здравството е еден од главните столбови на нашата програма.

Ветуваме дека ќе работиме во насока на креирање на модерно здравство, со врвни и квалитетни услуги. Ќе инвестираме како во болници и апарати, така и во човечки потенцијал.

— реклама —

Достоинството на лекарите и медицинските работници мора да биде вратено.

Предвидуваме изградба на четири нови Клинички центри: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска клиничка болница – Штип и Универзитетска клиничка болница Тетово.

Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати. Специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства.

Комплетно ќе се посветиме за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта.

ВМРО-ДПМНЕ нуди квалитет и сигурни резултати. СДСМ рекет, криминал и корупција.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања