Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Османи сериозните национални и државни теми не се решаваат по телефон, туку со јасни позиции утврдени во државните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
120190420_222432

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи само ја потврдува несериозната дипломатија која се води по прашања кои се од витален национален и државен интерес. Вакви сериозни теми и прашања не се решаваат со телефонски разговори, бидејќи Македонија не е Шведска, а Балканот не е Скандинавија, се вели во Соопштението  од ВМРО ДПМНЕ   кое е реакција на прес конференција на Бујар Османи.

Потребен е национален консензус и јасни црвени линии, за што се залагаше ВМРО-ДПМНЕ уште пред цела година кога повикавме на носење на Резолуција во Собранието на Република Македонија.

— реклама —

Ако Османи ги негира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш треба да каже што се разговарало на средбата со неговата бугарска колешка?

Јавноста со право прашува дали на повидок е нова свиткана кичма и нови уставни измени под притисок на Бугарија?

Искуството говори дека кога Заев нешто преговара, тогаш може да се очекува пазар кој Македонија и граѓаните скапо го плаќаат. Заев покажа дека е подготвен да распродаде се само за да ја зачува фотелјата и да ги заштити своите криминални и бизнис интереси.

— реклама —

Јавноста чека одговори, а не шеговити  досетки за вака сериозни национални и државни прашања, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања