Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт која е извор на кризите не може да биде решение на истите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-dpmne-sediste1

После 5 години власт на Заев Македонија се наоѓа среде економска, а главен проект на СДСМ е не работна недела. Тоа само покажува дека оваа власт ништо не работи и дека всушност тие се изворот на кризите и главната пречка кон напредокот на стандардот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука оваа власт која е извор на кризите не може да биде решение на истите. СДСМ и Заев се причината поради која Македонија галопирачки се задолжува, поради која сме на дното во регионот и Европа по стапките на странските инвестиции, поради која инфлацијата ја зголемува сиромаштијата, поради која цената на струјата расте, поради која во пресрет на грејната сезона нема домашно производство на електрична енергија, туку скап увоз кој се плаќа со народни пари.

— реклама —
— реклама —

Друг пат кога СДСМ ќе сака да обвинува други и да бара алиби за својата неспособност и неодговорност, нека ги погледне резултатите на последните избори и ќе разбере дека на народот му е доста од криминалот и корупцијата на власта на Заев.

— реклама —

Овие 5 години власт на Заев народот тоне во сиромаштија, а елитата се богати врз нивниот грб“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања