Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

ВМРО-ДПМНЕ паријата симбол за расипништво двојно го зголеми јавниот долг, денес парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0070

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за економија и управување со парите на граѓаните, вели СДСМ

„За време на режимското владеење, ВМРО-ДПМНЕ успеа двојно да го зголеми јавниот долг, државата и граѓаните да ги презадолжи за споменици, палми, гипс – картон фасади и криминални тендери.

— реклама —

Додека државата се задолжуваше заради криминални зделки на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните тонеа во сиромаштија а платите и пензиите со години беа замрзнати.

— реклама —

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите обезбедува повеќе пари за граѓаните но и повеќе буџетски средства за реализација на важни капитални проекти.

Минималната плата денес е двојно поголема отколку пред четири и пол години, просечната плата е зголемена за над 6.000 денари, денес имаме повисока просечна пензија и следува рекордно зголемување на сите пензии, социјалната помош е зголемена за 300 отсто, додека бележиме рекордна исплата на субвенции за земјоделците.

— реклама —

Грижата на СДСМ за граѓаните се гледа и за време на оваа криза преку пакетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра со кои се заштитува стандардот на граѓаните но им се помага и на компаниите да останат ликвидни и да ги задржат своите вработени.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за економијата и граѓаните најдобро покажува однесувањето на нивните градоначалници кои во време на криза трошат стотици илјади евра за вдомување партиски кадри и за непродуктивни трошоци.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за стопанството, ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници расипнички ги троши парите на граѓаните, како што впрочем тоа го правеше цели 11 години на централно ниво“, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 22 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања