Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски менува 30 годишна традиција затоа што нема што да каже и се крие од народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mickoski07062021

Претседателот Пендаровски е тој кој што покажува крајно непочитување на традицијата за одбележување на најголемиот македонски празник Илинден и непочитување на жртвата на илјадници македонски херои кои го положија животот за слобода и независна Македонија, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на соопштението од кабинетот на Стево Пендаровски.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Пендаровски е единствениот кој што не покажа доблест да одржи говор на Мечкин Камен бидејќи бега и се плаши од сопствениот народ.

И како таков ќе остане запаметен во македонската историја. Бидејќи ќе биде првиот и единствениот кој што не се обратил на нацијата од Мечкин камен.

— реклама —

Длабоките политички разлики и поделби во Македонија се производ на политиките и однесувањето на власта на која што припаѓа самиот Пендаровски.

— реклама —

Доколку сакаше Пендаровски ваквите состојби да ги смени имаше можност преку конкретни дела тоа да го направи, но тој реши да остане во скутот на Зоран Заев и да биде обичен нотар на неговите штетни политики, нем свидетел на корупцијата на власта и одобрувач на газењето на македонските национални и државни интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања