Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ по Димитров: Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
2-2

„Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне. Сфаќаме дека за кариеристот Никола Димитров менувањето од министерската позиција е негов најнесреќен ден и затоа барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на "злобната" Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа на Македонија, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор сокак во однос на европските интеграции“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес конференцијата на Никола Димитров.

— реклама —

Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството, велат оттаму.

— реклама —
— реклама —

„Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета. И сосема на крај, не е интерес на странците, туку пред се интерес на македонските граѓани тој и оваа власт никогаш повеќе да има одговорности во оваа држава“, додаваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања