Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ поднесе Резолуција против „манипулациите за мигрантите“ и повика на јасна државна политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог-Резолуција до Собранието на Република Македонија под наслов „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека со документот се става крај на, како што велат, манипулациите на СДС за мигрантите и „организираната кампања што создава несигурност и паника меѓу граѓаните“. Според нив, државата има јасна политика против нелегалната миграција и нема планови за отворање мигрантски кампови, а Резолуцијата, велат, треба да донесе стабилност и сигурност.

— реклама —

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, за кои тврдат дека создале можности за отворање кампови за мигранти, спротивно на националните интереси.

Резолуцијата се состои од девет точки и предвидува осуда на дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови. Во документот се потврдува дека такви политики не постојат и нема да постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен и јасен говор во интерес на безбедноста, стабилността и меѓуетничките односи.

— реклама —

Исто така, се наведува дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата, според ВМРО-ДПМНЕ, воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.

Партијата ги повикува сите политички субјекти да ја поддржат Резолуцијата, со цел, како што наведуваат, да се стави крај на „лагите и конструкциите на СДС“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Свет | пред 1 месец

media-library7hof5jgrm8nfflz3PTH

(Видео) Мигрантите во Сеута снимени со мртво бебе делфин

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања