Информациите за случајот со КРИМИНАЛОТ во РЕК Битола до ВМРО-ДПМНЕ стигнаа од високопозициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој заради Законот за заштита на свиркачи не можам да го споменам по име и презиме, напиша на својот ФБ профил потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски во објавата додава:
Во моментов ВМРО ПОСЕДУВА БРОЈНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СКАНДАЛИ И ДРУГИ АФЕРИ од коруптивен карактер што ќе ги изнесеме пред јавноста наредниот период, а исто така се добиени од високопозицонирани лица во самиот врв на СДСМ.