ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Чавков и останатите лица од 27 април е незаконски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
presuda-27-1

Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.

Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство - гаранција е незаконски.

— реклама —

Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.

Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.

Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.

Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања