Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

„ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните, со „Роаминг како дома'', целосно се усогласуваме со европските легислативи“,вели Бојковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryo433f0o32v4d6FJqjPQ

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Драгана Бојковска, изјави дека Македонија го започнала процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“, што во иднина ќе им овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги во земјите од Европската Унија по цени исти како домашните.

Според Бојковска, оваа иницијатива ќе донесе пониски трошоци за разговори, интернет и СМС-пораки, ќе ја олесни комуникацијата и ќе создаде подобри услови за прекугранична соработка.

— реклама —

Таа посочи дека Владата ја завршила својата обврска преку усогласување на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, со што, како што рече, Македонија е подготвена за следната фаза од процесот на приклучување кон европскиот роаминг-простор.

Бојковска направи споредба со опозициската СДС, оценувајќи дека додека тие зборуваат за европската агенда, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните.

— реклама —

„Европските процеси не се водат со декларативни изјави, туку со работа, реформи и конкретни чекори“, истакна Бојковска, додавајќи дека Владата останува посветена на модернизацијата, дигитализацијата и европската иднина на државата.

— реклама —

Таа порача дека граѓаните заслужуваат власт која создава резултати и носи политики со директен бенефит за нив и за конкурентноста на македонската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb835rircma243iihIbL

Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybpq7haesl2vv2jpLN6k

Бојковска до Лукаревска: Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровски решенија, владата на СДС ќе остане запаметена по тендерите на Филипче и пасошите кои ги дававте на белосветските криминалци

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq2m505nm19lb8SRdwZw

Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните и работи на исполнување на реформската агенда – преку конкретни политики докажува дека е посветена за европска интеграција

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh1md66k7895e6BBFKvy

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност и навремена реакција во услови на криза

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања