ВМРО-ДПМНЕ реагира: Судиите бараат 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryba12e506pgfq71Gk1pE

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае со години, тие со едвај 2% доверба бараат двојно зголемување на платите, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Иако македонските правосудни органи, судии и обвинители се едни од најплатените во регионот и Европа, на нив тоа не им е доволно, па бараат да имаат едни од најголемите плати во Европа. Кога говориме со факти и бројки, добро е јавноста да ги знае следните информации. Македонските правосудни органи добиваат од 2,3 до 3,2 просечни плати или во превод, нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или во евра од 1700 до 2360. Додека пак претседател на суд во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра.

— реклама —

Е сега за споредба, нашите соседи од Србија земаат 2,3 просечни плати, или во превод близу 120.000 денари, или околу 2.000 евра, но со 20% доверба од граѓаните. Исто така, со 20% доверба во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ, таму нивните правосудни органи земаат близу нашите претседатели на судови, односно 3350 евра. Словенија, земја со 41% на доверба во судството, платите на судиите се движат од почеток на кариерата од 107.000 денари или околу 1740 евра, додека пак на крајот на кариерата или на врвот на кариерата, достигнуваат до нешто над 4000 евра. Секако, да не ја заборавиме и една од најразвиените држави, Германија, каде што судиите земаат околу 3300 евра плата или околу 200.000 денари, со притоа доверба од 58% од граѓаните“, рече тој.

— реклама —

Манасиевски реагира дека со последните барања на судиите и обвинителите и нивните здруженија, тие бараат двојно зголемување на платите, со што, како што вели, еден судија би земал околу 160.000 денари плата или пак претседател на некој суд во Македонија би земал 360.000 денари плата, што е, како што рече, над сите примања кои ги добиваат судиите во Европа.

„Или во превод претседател на суд во Македонија би земал 8 просечни плати, а судија или обвинител би земал околу 3,5 просечни плати. И сето ова почитувани граѓани со само 2% доверба од народот. Повикуваме на разумност и работа од страна на правосудните органи“, рече Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Osnoven-sud-Kumanovo

Македонија има повеќе судии од Данска, Ирска, Шведска, Франција, Шпанија и Малта: Правосудството низ бројки

Македонија | пред 2 месеци

media-library0elaa7q5s0t3aJaRqhq

„Господине Премиер, ја преминувате границата“ – судиите остро му возвраќаат на Мицкоски

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylo0u20raemg6fHak8IO

Ристовска и Гајдова овојпат ги нема: Познати правници и судии во трката за македонски судија во Стразбур

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

ВМРО-ДПМНЕ: Судиските и обвинителските здруженија молчат за корупцијата во своите редови

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања