Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДС за состојбата со пензиите, посочувајќи дека, според партијата, пензионерите во изминатите неполни две години добиле зголемување од околу 7.000 денари.

— реклама —

Од партијата прават споредба со периодот од јуни 2017 до јуни 2019 година, кога, како што наведуваат, пензиите во првите две години од мандатот на СДС биле зголемени за 540 денари.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите и тврди дека за време на владеењето на СДС и ДУИ повеќе од 200 илјади пензионери примале пензии под 14 илјади денари.

— реклама —

Од партијата наведуваат и дека пензиите денес се исплаќаат редовно и оти државата обезбедува средства за непречено функционирање на пензискиот систем.

— реклама —

„Пензионерите најдобро знаат како живееја во годините на владеење на СДС и ДУИ, а како живеат денес“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата, владејачката партија упатува критики и кон економската политика на СДС и Венко Филипче, оценувајќи дека немаат стратегија за развој на државата, привлекување инвестиции и отворање нови работни места.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека пензионерите заслужуваат повисоки и редовно исплатени пензии, сигурност и достоинствен живот и го повикуваат СДС да не ја користи нивната егзистенција за политички цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 5 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања