ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дадоа црвен картон за системот безбеден град, покажаа дека се против безбедноста на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Магазин
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz




Пратениците на СДС и ДУИ дадоа црвен картон и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот, додека сите останати ја препознаа користа од проектот безбеден град, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС и ДУИ не го дадоа гласот за измени на Законот за прекршоци, важен дел за официјално да се применува системот безбеден град од 1 февруари.

— реклама —

Безбеден град е проект кој го поддржаа сите политички фактори и целта на истиот е да ја зголеми безбедносната култура кај граѓаните, но коалицијата ДУИ - СДС се против систем кој означува сигурност и стабилност за граѓаните.

— реклама —

Безбеден град е систем кој уште на првиот ден од функционирањето регистрираше околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, а нивниот број беше намален за половина за 24 часа. Овие податоци јасно ја потврдуваат ефикасноста и оправданоста на неговата примена.

Граѓаните го заслужуваат овој систем, познат како безбеден град, кој функционира во нивна корист.

СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека не можат да се грижат за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не само што се грижи за безбедноста и животите на граѓаните, туку и продолжува да креира политики кои се во интерес на народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања