„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја втурнува државата во нова политичка криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Насилното туркање на договорот од Преспа кој беше отфрлен на референдум од страна на народот ја носи државата во политичко – правен ќорсокак, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Граѓаните и државата не смеат да трпат заради неодговорноста и неспособноста на Заев и екипата околу него.

Повеќе од година дена државата реди само неуспеси. Владата која како маска го стави за приоритет решавањето на спорот за името, всушност правеше невиден грабеж. Милионски тендери се делат во четири очи, убиства се случуваат по улиците кои никој не ги расветлува, здравството, образованието и земјоделието тонат, исто како и се друго во државата, а ветувањата за 500 евра плата и 600 километри автопат останаа само бледо слово на хартија.

— реклама —

Хаосот не смее да продолжи. Зоран Заев мора да си оди.

Над 1 милион и 200 илјади граѓани и дадоа црвен картон на оваа влада и на договорот од Преспа. СДСМ нема легитимитет да управува со државата.

Кризата мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение. Ние ги прифаќаме изборите кои Заев ги најави. За тие да се случат, а со цел овозможување на фер и демократски изборен процес потребно е формирање на техничка – пржинска влада, избор на ЈО по предлог на опозицијата и Анкетна комисија во Собранието за разгледување на нерегуларностите од референдумскиот процес.

Втората опција за СДСМ и Заев е веднаш да се откажат од капитулантскиот договор и да се распишат избори, за по изборите да биде формирана нова обвинителска институција која ќе ги истражува криминалите на оваа власт и предметите на СЈО.

Времето на криминал и корупција во Македонија мора да заврши. Политичарите од транзицијата мора да си заминат. Потребно е напуштање на договорот, осуда на криминалот и правда за секој еден граѓанин во оваа држава.

На Македонија не и потребна нова криза, на Македонија и е потребен напредок и победа. Македонија ќе победи, народот ќе победи само со чесен и искрен и принципиелен пристап“ се наведува во соопштението на опозициската партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања