ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја поддржа интерпелацијата и застана зад криминалот на Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver-spasovski-zoran-zaev

Криминалната власт на чело со Зоран Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски. СДСМ не ја поддржа интерпелацијата на Спасовски и со тоа ги одобри нерасчистените убиства, грабежите и запалените автомобили, кои станаа редовна појава низ улиците на Скопје и градовите ширум државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Спасовски уште од самото назначување го започна својот мандат криминално. Потроши 1 милион евра Чешка донација за договор во четири очи за набавка на 40 возила Шкода Октавиа, прозван беше и од граѓаните и од медиумите, но одговорност никој не понесе.

МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот. Откако е Спасовски на чело на МВР има 9 нерасчистени убиства за кои јавноста е информирана, а грабежите и разбојништвата станаа пракса.

— реклама —

Граѓаните се исплашени да излезат навечер. Скопје е претворено во Бејрут. Се палат авотмобили на секој чекор, а власта не презема ништо.

Спасовски го искористи МВР и за делење на лиценци за милионскиот бизнис со возачки испитни центри, со што бизнисите ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот.

МВР по раководство на Спасовски е повеќе на штета отколку во корист на граѓаните.

Спасовски и СДСМ мора да си заминат. Со секој поминат ден со СДСМ на власт Република Македонија е се понебезбедна држава. Потребно е СДСМ да си замине, тоа е можно само на предвремени парламентарни избори кои ќе се распишат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања