Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја опструира акцијата „Двојник“, реагира СДСМ по обвидувањата дека МВР издало пасош на сомниетлно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„Дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се демантирани, токму оваа партија се обидуваше да ја опструира акцијата „Двојник“. ВМРО-ДПМНЕ, како потврден креатор на лажни вести уште еднаш, по којзнае кој пат е демантирано. Дезинформациите пласирани од Белата плата дека на лице кое правело заговор за атентат врз српскиот претседател му бил издаден македонски пасош се демантирани од Министерството за внатрешни работи. Ако ВМРО-ДПМНЕ има информции дека конкретното лице има македонска патна исправа со друго име, нека ја сподели со инситуциите, но поважно ќе биде да соопшти од каде таа партија има информации кои ги немаат ниту Интерпол ниту Европо“, велат од СДСМ.

Тие додаваат:

„ВМРО-ДПМНЕ во текот на полициската акција „Двојник“ правеше неуспешни обиди да ја саботира, пласирајќи информации, додека акцијата беше во тек.

Свесно со лаги и манипулации ја загрозуваа истрагата. Но не успеаја.

— реклама —

Случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“.

zvicer-696x464-1

Звицер планирал атентат врз претседателот Вучиќ, а Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски. Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата "мафија" пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер.Поминува една година, и виновни за оваа афера каде

Македонија | пред 4 години

— реклама —

51826955305_3d3a744773_c

МВР тврди дека немаат издадено пасош на Радоје Звицер, лице за кое се тврди дека спрела атентат на Вучиќ

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат. Звицер планирал атентат врз претседателот Вучиќ, а Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош, о

Македонија | пред 4 години

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања