Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се уште функционира како во времето на Груевски, сметаат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски. Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции“, соопштува СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.

— реклама —

Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.

— реклама —

Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања