„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки за загадениот воздух, ги замолкнуваат невладините активисти и граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот.  Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од  пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат  невладините активисти  и граѓаните. Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.

Решавањето на  алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат  десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и  лубриканти,  наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.

— реклама —

Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, велат од партијата.

Според нив  СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта  наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици.  Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните  во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.

Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.

Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето  од издувните гасови на автомобилите.

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.  Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања