Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и гради незаконски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
SILEGOV-1

Петре Шилегов на местото на својата куќа во Тафталиџе, гради зграда дивоградба, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Според ДУП за местото каде што сега се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов максималната висина која е дозволена за изградба на е 8.8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов изградил уште два ката над максимално дозволената висина, без да поседува било каков валиден документ кој ќе му дозволи таква градба.

Надлежна институција за давање дозволи за градба, доградба и реконструкција е општина Карпош каде градоначалник во заминување е Стефан Богоев. Општина Карпош е и институција која треба да предупреди и спроведе запирање на градбата која е вон дозволените граници, но и да изврши рушење.

— реклама —

Петре Шилегов не само што не е спречен да ја гради својата зграда дивоградба, туку и општина Карпош до денес не отпочнала постапка за рушење на дивоградбата.

Очигледно е дека Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и од основа на политичката функција која ја има гради незаконски, за потоа низ некоја скратена постапка да го легализира објектот.

— реклама —

Шилегов наместо да става ред, тој е пример за создавање неред и хаос. Шилегов не ги почитува законите, кои треба да ги применува врз другите од позиција на градоначалник, токму затоа одбројаните се деновите негови на таа позиција.

Време е за промени, а потоа и за одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања