Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов во отсуство на проекти ги копира тие на Данела и Коце Трајановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
vmro_dpmne

Шилегов во отсуство на свои проекти доследно ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи.

Тоа што Шилегов направи е стопирање на сите овие проекти. Четири години беа сосема доволни да се реализираат, но Шилегов ништо не направи.

— реклама —

Вчера беше „Лимак“, а денес е турбо кружниот тек кај Момин поток.

Турбо кружниот тек кај Момин поток е решение осмислено од Коце Трајановски, со систематско вградување на кружен тек и натпатник, со што се избегнува тесното грло кое сега го има во тој дел од Скопје.

Шилегов 4 години го кочеше овој проект, за сега да го нуди како свое решение.

Шилегов ќе остане запаметен како најнеуспешниот и најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало.

Еден свој проект нема направено, а како најголемо негово дело ќе остане лагата за тунелот под Кале.

Скопје има потреба од вистински проекти и дела, и тие ќе ги има со промената на власта по 17-ти октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања