Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ Скопје го направи нефункционален град пред банкрот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
317932474_483200477290131_2497987183687764885_n

Само една година беше доволна, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска да го направат Град Скопје, нефункционален град пред банкрот, вели СДСМ

— реклама —

„Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект.

Дополнително, јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а потрошија најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса.

— реклама —

Поради неспособноста и расипничкото трошење на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот.

— реклама —

Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари.

ВМРО-ДПМНЕ бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје.

— реклама —

Граѓаните гледаат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт, што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива можност да управува со народни пари“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања