ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Васил Јованов е доказ за корумпираното судство на СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
frosina-vasil-1414

Случајот со Васил Јованов, кој во јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, е уште еден доказ за корумпираното судство создадено од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Судството не суди согласно закон и со цел постигнување правда. Она што денеска го имаме е резултат на владеењето на СДС и ДУИ. Дури и сега, кога се во опозиција, граѓаните секојдневно ги чувствуваат неправдите што со години им беа нанесувани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија потсетуваат дека Јованов и претходно бил привилегиран од тогашната власт, иако бил фатен со дрога како полнолетен. „Наместо затворска казна, судијката Даниела Алексовска Стојановска го упати во поправен дом. Истата таа судијка, куќата на нејзиниот татко во Ранковце ја претвори во општински штаб на СДС“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ова е истиот Јованов кој ја усмрти Фросина, возејќи без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба. Така изгледа заробеното судство на СДС и ДУИ – систем кој создаде мрежа на ‘свои’ и кој ја исклучува правдата како еднаква за сите“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во една нормална држава правосудниот систем треба да ги штити граѓаните, а не „луѓето и функционерите на СДС и ДУИ кои го користат судството за свои интереси“.

„Не може судиите и обвинителите да се однесуваат незаинтересирано и да се фокусираат само на платите. Што сакаат да порачаат? Дека земаат мито затоа што платите им се ниски? Потребни се темелни промени во правосудството, за да се врати довербата на граѓаните во систем еднаков за сите, без привилегирани и без поделби на ‘наши и ваши’“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

Снимки од „Сејф сити“ се презенираа на судењето за таткото на Васил, кој ја усмрти Фросина на пешачки

Македонија | пред 1 седмица

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Скопје | пред 1 месец

vasil-j

Возачот Васил Јованов бара помала казна, обвинителката Фатиме Фетаи – построга пресуда

Македонија | пред 3 месеци

Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

(Видео) Предложени се глупости од докази против таткото на Васил, зар ние одговараме за постапките на нашите полнолетни деца, праша адвокатот

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања