ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо за прослава за Рамковниот договор, парите треба да се потрошат за реконструкција на училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар“, велат од партијата.

— реклама —

Наместо тоа додаваат од таму, коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот.

— реклама —

„Најголемата закана за рамковниот договор е токму власта која го поделува народот на тие кои се со нив и народот кој не е. Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања