Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
plta-333

ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната. Владата е фрлена само на гол популизам, без да мисли за граѓаните во целост. Власта не ги почитува колективните договори кои се склучени помеѓу работниците и институциите, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.

Согласно предлог амандманот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ наставник кој што има коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24.782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари.

— реклама —

Истото тоа го предлагаме и за средните училишта, односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари.

— реклама —

Само со усогласување на коефициентите, што ќе донесе до покачување на платите во јавниот сектор како што треба да биде може да зборуваме за покачени плати.

ВМРО-ДПМНЕ за овој свој предлог бара поддршка од останатите политички партии, синдикатите и работниците.

— реклама —

Само преку реални мерки и покачувања за сите може да им помогне на граѓаните да излезат од сиромаштијата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања