Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со новогодишна порака: Заедништво, стабилност и одговорност за иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на Новата година, упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, со порака за заедништво, стабилност и одговорност кон иднината на државата.

— реклама —

Во честитката, од партијата посочуваат дека новата година започнува во период на сериозни општествени, економски и национални предизвици, при што нагласуваат дека се свесни оти секојдневието на голем број семејства не е лесно и дека од политиката се очекуваат конкретни резултати, а не декларативни изјави. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека нивната заложба е насочена кон работа за секој поединец, за секое семејство и за сите делови на државата, со ветување дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена.

— реклама —

Во пораката се потенцира дека, според партијата, политичката борба не е само прашање на власт, туку на принципи, вредности и визија за државата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека станува збор за спротивставување меѓу одговорното градење на државните темели и, како што наведуваат, импровизациите и краткорочните калкулации, при што посочуваат дека националните интереси мора да бидат заштитени и водени со јасна визија и почит кон граѓаните.

Како клучна вредност се истакнува заедништвото, кое, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува најголемата сила на општеството. Во честитката се наведува дека само преку обединетост, заемна почит и солидарност може да се изгради стабилна, сигурна и праведна држава, која ќе го вреднува трудот, ќе го почитува достоинството на човекот и ќе создава еднакви можности за сите.

— реклама —

Партијата нагласува дека останува посветена на одговорно управување, економски развој, социјална сигурност и унапредување на животниот стандард, посочувајќи дека целта е создавање цврсти и трајни темели за иднината на младите генерации.

— реклама —

Во завршниот дел од честитката, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во Новата година влегува со вера во сопствените сили, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината, изразувајќи уверување дека со чесна работа, принципиелност и заедништво, Македонија може да биде подобро место за живеење. На граѓаните им се упатуваат желби за здравје, мир, семејна топлина и поголема сигурност во секој дом, со порака Новата година да биде година на стабилност, сплотеност и напредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 3 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања