Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања: „Заев и Филипче под контрола имаа само тендери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
zaev-filipce-1

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција обвинија дека пораката „сѐ е под контрола“, која ја користеа поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, била алузија не на јавниот интерес, туку на контролата врз тендерските постапки.

„СДС може колку сака да говори за реформи и европски вредности, но нивното седумгодишно владеење е запаметено само по тендери – тендери како политика, тендери како идеологија, а можеби и како лична легенда“, велат од партијата.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче денес се обидува да ја изгради улогата на „морален коректив“ во опозиција, но, како што тврдат, „матрицата е иста“.

„Прво создади хаос, па создади уште поголем хаос за да го прикриеш првиот; обвини некој трет и на крај изигрувај жртва“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Најостриот дел од обвиненијата е насочен кон периодот 2019–2021 година, кој од партијата го нарекуваат „златна ера на тендерските шеми“. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека од стоковите резерви биле отпишани 2.000 тони јачмен и пченица, во вредност од околу 800.000 евра, иако пченицата била во употреблива состојба.

— реклама —

„За ова бил направен записник кој го негирал фактичкото состојба и бил усвоен на владина седница, во период кога Филипче е дел од владиниот состав. Потоа се склучиле два тендери за набавка на 20.000 тони житарици од соседна држава за да се пополнат дупките во залихите“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Партцијата додава дека тогашната влада на Заев, заедно со Филипче и Николовски, ги уверувала граѓаните дека „сѐ е под контрола“, но – според опозицијата – тоа значело само дека „внимателно си ги контролираат тендерите“.

— реклама —

Во контекст на тековните најави за реформи во СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:

„Како може СДС да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува? Наместо да се оградат, СДСМ го промовира Филипче како ново лице на опозицијата. Партијата ќе продолжи да тоне – затоа што човек кој не ја заштити државата додека беше на власт, не може да дели совети сега, од опозиција.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 6 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 7 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања