Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ со жестока реакција: „За СДСМ сите се криви, само нивниот талог не е“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ реагира на последните критики од СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија дека бара одговорност од сите, но избегнува да постави прашања до своите коалициски партнери во Гостивар.

— реклама —

Во партиската реакција се наведува дека СДСМ не бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, со кого, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, ја дели локалната власт, ниту бара дополнителни одговори за состојбата со водоснабдувањето и квалитетот на водата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека извештаите за водата што се во надлежност на централната власт веќе се објавени, но дека СДСМ не ги бара извештаите што се во надлежност на локалните институции.

— реклама —

„Ако тоа го направи, ќе треба од самата себе да бара одговори, зошто заедно со партијата на Таравари, СДС ја води општината и нејзините институции“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ исто така го обвинува СДСМ дека неговите претставници не го посетиле Гостивар за време на кризата со водата и не им помогнале на граѓаните.

Во реакцијата се упатени критики и за политичкото дејствување на СДСМ, при што од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека партијата во минатото правела политички компромиси за да остане на власт.

— реклама —

Од владејачката партија воедно прогнозираат нов изборен пораз за СДСМ, повикувајќи се на, како што наведуваат, резултатите од повеќе последователни изборни циклуси и актуелните анкети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања