ВМРО ДПМНЕ: Срамота е што двајца градоначалници и премиер се појавија на реконструкција на улица од 2 километри кои ја градат и се уште не е завршена цели 2 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Срамота е што двајца градоначалници, и премиер се појавија на секундарна улица од 2 километри кои ја градат и се уште не е завршена цели 2 години. Уште поголема срамота е што улицата не е во надлежност ниту на Шилегов ниту на Заев, но тие се појавија да се сликаат со градоначалникот Богдановиќ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Додека го правеа изборниот популизам Шилегов не кажа ниту збор за тоа што компанијата на зетот на неговиот секретар на градот добила 4 милиони евра државни тендери, тоа што градот Скопје плаќа дупло поскапа противпожарна скала од таа во Загреб и тоа што државните субвенции за инвертер клими постои основано сомнение за проневера на пари и делење по партиски клуч.

— реклама —

Најголем срам е што Шилегов ветуваше подземни булевари, дупли кружни текови, тунел под Кале, а денес се фали со работа на општина Центар за уличе од 2 километри.

Тоа значи дека мрзливиот Шилегов освен тендери ништо друго не сработил.

1500 улици во Скопје, а тие се фалат со 2 километри тазе асфалт, дно.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања