Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ: Судиските и обвинителските здруженија молчат за корупцијата во своите редови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Наместо да бараат само повисоки плати, здруженијата од правосудството треба да поведат постапки против своите колеги вмешани во корупција – порача ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

— реклама —

Според партијата, Здружението на судии и Здружението на обвинители зборуваат за сè освен за суштинските проблеми во системот и со тоа, наместо да ја штитат правдата, директно ја штитат корупцијата.

„Ако сакаат да изгледаат како бранители на правдата, тогаш зошто нема конкретни чекори? Дали затоа што и тие се дел од проблемот? До кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во соопштението се наведуваат примери со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судскиот совет, и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик-претседател на Советот на јавни обвинители, кои признале дека примиле по 10.000 евра мито за влијание врз судски одлуки. Едниот добил условна осуда, а другиот склучил спогодба.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека овие случаи не се изолирани, туку дел од поширок проблем во кој, како што велат, влијание имаат и СДСМ и ДУИ. „Каква порака се праќа до граѓаните ако високи функционери во судството и обвинителството остануваат неказнети?“, прашуваат од партијата.

Опозициската партија додава дека граѓаните ја гледаат неправдата и во основните судови и ја поврзуваат со „системот на СДС и ДУИ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4387

Наставниците ќе се ,,опарат”, од март повисоки плати

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya0a59r6qbdna3aR9V4L

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати

Македонија | пред 1 месец

media-libraryba12e506pgfq71Gk1pE

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Судиите бараат 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари плата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryedmkd9at5lqqaQwqr8S

Двојно повисоки плати за хигиеничарите и редовно вработување , најавува Герасимовски

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања