Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да обезбеди правда за ‘Пулс’ — Филипче да не глуми чесен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека очекува судот да постапи бескомпромисно и одговорно во случајот со трагедијата во дискотеката „Пулс“, истакнувајќи дека правдата мора да биде еднаква за сите, без политички или етнички разлики.

— реклама —

„Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен, во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки – од модуларната болница, па сè до разни набавки во здравството,“ наведуваат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека обвинителството на Заев и Филипче мора да делува одговорно и да го испита целиот случај, без селективен пристап и политички влијанија.

„Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот ‘Пулс’, да не биде компромитиран и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на политички пораки и притисоци, каква што е оваа алиби-прес конференција на докторот Менгеле – Филипче,“ стои во соопштението.

— реклама —

Од партијата потенцираат дека вистината мора да излезе на виделина и дека Македонија мора да изгради систем во кој нема да има повластени и недопрени.

— реклама —

„Овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и ќе ја остават во калта на нивното гнасно минато. Правда мора да има — за сите,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта банка ги демаскираа лагите, затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 1 ден

media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

„Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за насилството врз младата девојка од Охрид

Македонија | пред 1 ден

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања