Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска е производ на Заев и потврда дека во СДС нема капацитет за реформи, тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека најавените реформи во СДС уште еднаш се покажале како „чиста фарса“, а новото раководство на партијата, според нив, е скроено по мерка на поранешниот лидер Зоран Заев, кој, како што наведуваат, дејствува како „претседател во сенка“, додека Венко Филипче само формално го претставува пред јавноста.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека изборот на Јована Тренчевска за потпретседател на СДС е уште еден доказ дека во партијата нема суштински промени, ниту нови кадри. Напротив, според нив, со ваквите кадровски решенија само се потврдува внатрепартиската криза и недостигот од кадар во СДС.

Партијата наведува дека политичката кариера на Тренчевска е директно поврзана со Зоран Заев, потсетувајќи дека таа била именувана за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика во времето кога Заев бил премиер, а подоцна и за директор на Државниот инспекторат за труд, како и министер за труд и социјална политика.

— реклама —

„Тренчевска е производ на Заев, а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, ја потсетуваат јавноста и на, како што велат, скандалозното враќање на работа на лице осудувано за трговија со дрога на директорска позиција во социјалната установа во Радовиш, како и на нејзините пораки кон пензионерите дека „добро им било“ да живеат со 25 илјади денари месечно во време на двоцифрена инфлација.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и на реакции од синдикалците, кои, според нив, ја паметат Тренчевска по политичко мешање во синдикатите и по кочење на согласности за вработување во детските градинки во Бутел и Куманово.

Како дополнителен пример за, како што велат, лицемерие, од партијата потсетуваат дека Тренчевска по изборниот пораз на СДС минатата година поднела оставка од функцијата претседател на Форумот на жени, со образложение дека местото го остава на нови и неизвалкани кадри, но само една година подоцна ја прифатила функцијата потпретседател на СДС.

— реклама —

„Со ваквиот избор на кадри, СДС продолжува да тоне. Граѓаните одамна им свртеа грб и повеќе не им веруваат. Со старо-новото раководство на тандемот Заев–Филипче, СДС оди кон политички стечај“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 11 час

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања