Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче, оставка веднаш!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-njemacka

Најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко Филипче да си даде оставка.  На Венко Филипче бројката од 535 новозаболени не му алармира дека треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

За Филипче ова не е ништо, вели секаде и во регионот и пошироко било исто. Филипче заборави дека сите како во регионот, така и во Европа по првиот бран некаде во мај се вратија во функција градинки, училишта, а кај нас се доцнеше. Како да се чекаше есенскиот бран за да почнат да работат градинки, училишта.

За Филипче и по оваа драконска бројка сепак му е рано за мерки, освен постоечките, следната недела ќе се разговарало за законски измени за маска на отворено и слично.

— реклама —

Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие.

Македонија прва во регионот по заболени и мртви.

Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица.

— реклама —

Филипче, оставка веднаш, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања