Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-2

Поради алчноста и неспособноста на Заев ни претстои енергетска криза, да се формира кризен штаб за брзи решенија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и власта неконтролирано трошеа од хидроцентралите за да покажат профит во изминатата година, а сега езерата се на минимум.

— реклама —

Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК.

Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од евроспкиот заеднички систем.

— реклама —

Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО.

— реклама —

Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања