Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ во вторник во 18:00 часот со протести со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против мафијата на Заев и поскапување на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Protest3

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ во вторник 13.10.2020 во 18:00 часот, ќе се одржат протести со возила против поскапувањето на струјата во Охрид, Прилеп и Скопје.

Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.

— реклама —

Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните уште еднаш ќе порачаат, да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања