Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Откако земјотрес од нова реформа и негрижа го растресе и онака кревкиот образовен систем не е ни чудо што следи хаос, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Ве потсетуваме на неколку информации кои во последно време можевме да ги чуеме и прочитаме:

Ученик ,,мавнал“ со ранец наставничка.

— реклама —

Директорката го заташкува случајот за побрзо да се куртули од ученикот кој е деветто одделение.

Наставник со метален предмет удрил ученик по глава, кој завршил во болница.

— реклама —

Родител пријавува физички напад на ученик сред бел ден.

Прашуваме дали вчера во ОУ ,,Владо Тасевски” во Карпош девојче од седмо одделение е нападнато од страна на постар маж?

Што правело обезбедувањето на училиштето?

— реклама —

За наставата, изостаноците и оценките друг пат.

Денес само потенцираме дека хаосот кој го зафаќа образованието добива такви размери што станува непоправлив.

— реклама —

Министерката си даде усмена оставка и изгледа заврши со сите обврски освен оние што лично ја интересираат неа, односно нејзината партија, а се сведени на набавки и огласи.

Мила Царовска да ѝ беше жал барем за децата, па да преземеше нешто, било што, макар само за нивна безбедност.

Образованието и знаењето се очигледнно светлосни години далеку од неа“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања