Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во тетовската болница: Кој се плаши да не излезе вистината на виделина?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Tetovo-6

„Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи? Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Директно одговорните како директорите на болницата, заменик министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче се луѓе кои по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своитр позиции.

— реклама —

Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага.

Не може Заев да чека истрагата да заврши па да одлучи по однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата.

Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, заканите на семејствата на жртвите од Тетово притисок на власта

— реклама —

Само доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања