Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја втурна Македонија во енергетска криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Неизвесно е како ќе се произведува струја во зимскиот период. Хидро акумулациите се празни. Термоелектраните ќе увезуваат скап јаглен, за кој уште не знаеме и дали и по која цена ќе биде увезен. Додека ТЕЦ Неготино е неподготвена.

— реклама —

Заев ги испразни хидро акумулациите и тие се под минимумот.

Во РЕК не се копаше јаглен и претпријатието е оставено без залиха со јаглен за само неколку дена до две недели. Сега таа своја неспособност и трчање по тендери ќе ја плаќаме со увоз на скап јаглен од странство, кој ќе треба да се транспортира со камиони до РЕК Битола, тоа се 400 – 500 камиони на ден, кои ќе го оштетуваат патот, но и ќе влијаат лошо на животната средина заради целата прашина која ќе биде присутна при превозот на јагленот.

— реклама —

ТЕЦ Неготино не е подготвено, и се е оставено на случајности.

— реклама —

Власта нема план, а тоа се гледа и по кражбата на струја од европскиот систем која само за еден месец ќе не чини 15 милиони евра како држава. Со оваа власт не чека енергетска неизвесност и криза. Оваа влада нема капацитет да се справи со кризата“ се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања